Оваа пресуда е уште еден доказ за грубото мешање на АД ЕЛЕМ во синдикалното организирање на синдикатот
Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на својата веб страна објави уште една добиена пресуда во корист на Синдикалната подружница на РЕК Битола – Синдикална организација на АД ЕЛЕМ.
„Ова е ‘САМО’ уште еден доказ за грубо мешање на работодавачот АД ЕЛЕМ во синдикалното организирање и делување. Како што можете и самите да прочитате од Пресудата дека работодавачот АД ЕЛЕМ грубо се меша во синдикалното организирање, делување, а со тоа ги прекршува сите одредби предвидени во Законот за работни односи, Колективниот договор и Меѓународните конвенции“, стои во објавата на ССЕРИ.


