Оваа тиктокерка троши 45,000 евра дневно, а не работи ништо – „Како пијавица сум, дури ни косата не ја мијам сама“
Популарната социјална мрежа Тикток веројатно предизвикува најмногу различни мислења, меѓу сите пларформи.
Ја сметаат за „најсреќната социјална мрежа“, поради тоа што е позната по кратките интересни/смешни видеа, скечевви, мимови, сепак вработените во оваа мрежа се жалат на тоа дека работата им е вистински пекол.
Како и да е, најпопуларните тиктокери, кои креираат интересна содржина на мрежата, можат да заработат огромни суми на пари и секој ден бележат се повеќе следачи, бидејќи напредува и самата платформа. Статистиката вели дека во 2022 година, до сега, има милијарда активни корисници на Тикток кои се распространети низ 154 земји од светот.
Меѓу нив е и тиктокерката Рома Абдеселам, која на оваа социјална мрежа се претставува како „ќерка која ништо не работи и седи дома“. Инфуленсерката со својот пристап и стил на живот заинтегрирала многумина, бидејќи, како што вели, не заработува ништо, а дневно троши повеќе од 45,000 евра.
Во што е трикот? Тешко е толку пари да се заработат само од присуство на Тикток. Сепак, таа вели дека се „потпира на своите родители“.
„Сакам да го започнам денот со шолја кафе, но мразам да го подготвувам, па нарачувам достава на домашна адреса. Потоа често следува тренинг, па средување на фризурата. На пладне одам на шопинг со пријателите, откако ќе завршам со ручекот. Секогаш се трудам да стигнам на ручек во 13 часот. Потоа се обидувам да „уфрлам“ уште едно вежабање во својот распоред и ми останува доволно време да се подготвам за вечерното излегување со моите пријатели“, вели Рома од Њујорк.
Додава дека не сака самата да ја мие косата, па секогаш оди во некој салон. Најмногу пари, вели троши на облека.
„Четири пати неделно одам на шопинг, а најголемиот износ што го имам потрошено во еден ден е 40,000 фунти. Тие аутфити најчесто ги носам еднаш или двапати, а потоа ги давам. Не сакам да имам многу облека, па ја донирам. Ако се имам фотографирано во таа облека, тогаш повеќе не ми делува како новитет, па брзо ја менувам“, истакна тиктокерката.
Нагласила дека во една прилика потрошила премногу, па поради тоа родителите и ја зеле картичката. Тврди дека тие сакаат нивната ќерка да се омажи, осамостои и пронајде работа.
„Никогаш не сум имала џепарлак, но родителите днаш ми го скратија бидејќи потрошив повеќе од 130,000 евра. Ми ја зедоа кредитната картичка. Семејството ме тера да се вработам, а исто така и да се омажам, бидејќи не сакаат финансиски да сум зависна од нив. Јас сум како пијавица“, рекла таа.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

