Ова се сите надоместоци што ви следуваат како работник
Секој работник има право на надомест за трошоци направени во врска со работата, согласно Законот за работни односи и важечкиот колективен договор.
Надоместок ви следува за следните трошоци:
- Дневници за службени патувања во земјата – во висина од 8% од утврдената основица
- Дневници за службени патувања во странство – согласно уредбата за трошоци при службен пат и селидби во странство
- Теренски додаток – доколку работата се извршува на терен (вклучува трошоци за сместување, исхрана и сл.)
- Надомест за одвоен живот од семејството – утврден со колективен договор, но не помал од 60% од основицата
- Користење сопствено возило – надомест од 30% од цената на литар гориво што го користи возилото, за секој изминат километар
Дополнителни законски надоместоци:
- При преселување за потребите на работата, сите трошоци ги покрива работодавачот
- Регрес за годишен одмор (К-15) – најмалку 40% од основицата
Покрај наведеното, работникот има право на надоместоци и во следните случаи:
- Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство му се исплатува износ од три основици
- При смрт на член од потесното семејство, работникот добива надомест од две основици
- При сериозни последици од елементарни непогоди, следува надомест во висина од една основица
- За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување, се исплатува една основица
- По 10 години работа кај ист работодавач, следува јубилејна награда во висина на една основица
- При пензионирање, работникот има право на најмалку двоен износ од основицата
Основицата за пресметка на сите овие надоместоци претставува просечната месечна нето плата по работник во Македонија, пресметана врз основа на исплатите во последните три месеци.
Извор: Kariera

