НовостиПравдаСветот на работникот

Овластувања на трудовиот инспектор

   Време за читање 1 минута
Овластувања на трудовиот инспектор
Врз основа на Законот за инспекција на трудот во вршењето на работите на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен, во секое време на денот и ноќта, да влезе во просториите на работодавачот, без претходно најавување и без оглед на работното време на работодавачот.
Веднаш по влегувањето, инспекторот е должен, за своето присуство да го извести работоводниот орган, односно законскиот застапник или друг овластен работник на работодавачот, доколку истите се присутни во просториите на работодавачот. Отсуството на тоа лице не може да биде пречка за вршење на инспекциски надзор.
Работодавачот пак е должен, на инспекторот да му овозможи непречено вршење на надзорот и на негово барање да му даде, односно да му достави на определено место и во определено време, списи, акти, информации и други податоци, потребни за вршење на инспекцискиот надзор.
Дополнително во вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот има право да влегува и да ги прегледува сите работни простории и работни места и да направи увид во сите
делови на техничко-технолошкиот процес на трудот, на средствата за работа, на заштитните средства и опрема, на условите за работа, на деловните книги, исправите, договорите и другите документи и акти на работодавачот.
Тимот на Јуридика