Овој потег може да ги натера вработените да учестуваваат во програми за здравје и велнес
Студија на UnitedHealthcare од 2017 година откри дека 70% од компаниите сега нудат програма за велнес на работното место, додека помалку од една третина од вработените се подготвени да поминат повеќе од еден час на ден за подобрување на нивното здравје и благосостојба, како што се готвење здрави оброци или поминување на препорачаните 150 минути (2,5 часа) вежбање неделно. Така, истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг истражувале кои стимулации можат да ги натераат работниците помотивирано да се вклучат во програма за велнес на вработените. Тие следеле 1.855 учесници во една таква програма на еден голем универзитет кој ги наградувал работниците за завршување на шестнеделни предизвици, како што се пешачење 10.000 чекори на ден или губење на телесна тежина. Работниците можеле да изберат една од три награди ако ги исполнат тие цели: паричен бонус добиен како плата на крајот на годината; картичка за подоароци што може да се користи каде било во кампусот, како што се ресторани или книжарница; и добивање награда како што е торба за теретана, процесор за храна, комплет за прва помош и слично.
Претходните истражувања ја доведоа во прашање ефикасноста на програмите за велнес на работното место. Истражувачите од Универзитетот во Чикаго и Универзитетот во Илиноис неодамна објавија контролирано испитување на две групи работници едното население имаше пристап до програма за велнес на работното место, а другото немаше. Откриле дека овие иницијативи за благосостојба не го сменија однесувањето на вработените. Додека пак вработените кои учествуваа не станаа поздрави или попродуктивни и немаа поголема веројатност да одат во теретана или да трчаат на локална трка. Не се намалија ниту вкупните трошоци за здравствена заштита. Ова затоа што повеќето вработени кои се приклучија на програмата за велнес на работното место беа веќе здрави, а трошоците за нивна здравствена заштита беа веќе ниски, така што немаше многу простор за подобрување.
Така клучно е да се најдат начини за помалку физички активните работници да се вклучат во овие програми. Еден начин да го направите ова е велнесот да стане дел од целокупната култура на канцеларијата, како што е нудење здрава храна во просторијата за одмор (особено ако се земе во предвид дека неодамнешното истражување сугерираше дека луѓето ги зголемуваат килограмите на работа).
Фото: Freepik

