(ФОТО) Пораката на работниците во Бургер Кинг станала вирална: „Сите даваме отказ“
Сликата од знакот на американскиот ланец Бургер Кинг „сите даваме отказ“ станала вирална по масовното заминување на вработени.
Поранешните работниците во Бургер кинг во Небраска исто така напишале „извинете на непријатноста“ на огромен рекламен знак на својата сега поранешна компанија.
Тоа е навистина јасна и гласна порака на работниците кои очигледно се бесни на раководството на компанијата, пренесува Фокс њуз.
Вработените велат дека работеле во кујна без клима со недели и дека температурата во еден момент достигнала преку 32 степени, вели извештајот на КЛКН Чанел 8.
Наводно една работничка, поранешната генерална менаџерка Рејчел Флорес, била хоспитализирана поради дехидрација, според истиот извор.
„Не ни помислив дека некој ќе го забележи (знакот), бидејќи тоа го направивме само на едно место, а потоа се тргна како лудо на фејсбук. Ми се јавија од повеќе позиции од раководството и ми рекоа дека морам да го тргнам“, рекла Флорес за КЛКН.
Флорес работела во ланецот за фест фуд од јануари, потенцирајќи дека работела дури по 60 часа неделно. Според извештајот на КЛКН, зад неа застанале неколку колеги, гласно изразувајќи го незадоволството поради недостатокот на работна сила.
Сендвичарата на Бургер Кинг каде што работеле наводно и понатаму е отворена, вели Флорес, но се соочува со недостаток на работници.
Од прочуениот ланец не одговориле на прашањата на Фокс Њуз.
“WE ALL QUIT.”
The local Burger King message that was recently taken down is generating a lot of buzz. We spoke with two former employees about the message.https://t.co/JZNIK4mwNS— Channel 8 KLKN-TV (@Channel8ABC) July 12, 2021
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/James R. Martin

