Вести

Од утре започнува шестата по ред „Текстилијада“ во Штип

Од утре започнува шестата по ред текстилијада во Штип. Во наредните три дена, експерти од државата, но и од светско ниво, работодавачи, синдикаи и слично ќе дискутираат и ќе понудат знаење и можности како работниците да ја надминат кризата во државата почнувајќи од 2020 година до денес.

“Она што сакам да го најавм е дека во текот на утрешниот ден активностите ќе бидат во Мултимедијалниот центар Киро Глигоров. Ќе почнеме со дебатат Иглата ја храни иднината каде се поканети од Организација на работодавачи, од текстилното училиште, од факултетот, советници на Премиерот на државата и сл., за да разговараме повеќе за текстилната индустрија и она што нѐ очекува, како регион и како град.

Во тридневните активности на овогодинешната текстилијада се планирани и панел дискусии конкретно за правата на жените и нивното зајакнување, бидејќи како што истакнаа од Гласен Текстилец, Закони има но ретко надлежните институции ги спроведуваат во пракса.

„Продолжуваме со пандел дискусијата Правта на жените, нивното економско зајакнување и влијанието на политиките врз нив. Оваа активност е во соработка со шведската фондација. Иако знаеме дека во нашата држава имаме многу Закони за еднаквост и политики, но институциите кои се надлежни за нвно спорведување како да ги закочуваат и како да ги имаат само на хартија. Граѓанските организации прват многу истражувања во врска со оваа тема, сепак не секогаш се земаат во предвид. Затоа на оваа панел дискусија се поканети преставнички на граѓански институции“ – кажа Дишоски.

Културата не е привилегија на богатите, туку се враќа враќа меѓу работниците. На овогодинешната тестилијада предвидени се неколку изложби, посета на античкиот град Баргала, а завршниот настан е забава во Дом на млади Штип.

„Оваа година имаме многу настани односно шест културни настани и отвориме нови соработки со јавни претпријатија и Дом на млади Штип. Првото ќе ни биде откривање на уметничко дело однонсо работничка клупа. Клупата ја направивме заедно со јавните претпријатија од Штип и има за цел да ја покаже состојбата за текстилните работници однонсо потребата за одмор“ – кажа Ампев.

Шестата по ред текстилијада во Штип е со наслов „Плата за живот“, бидејќи како што истакна Ампева не ни е потребна минимална плата туку плата за живот.

Извор: М-нет