Откако конечно успеа тендер за „Чебрен“ сега се дебатира дали треба јавно приватно партнерство со странски инвеститор
Презентација на проектот за изградба на ПАХЕЦ Чебрен и отворање на дискусија за негова реализација преку јавно приватно партнерство со странски инвеститор е целта на панел дискусијата што денеска се одржа во Стопанската комора во организација на Здружението на енергетичари на Македонија (ЗЕМАК). На дискусијата беа истакнати аргументи за реализација на проектот по пат на јавно приватно партнерство меѓу ЕСМ и грчката ППЦ и Архиродрон, но и против таквиот начин на реализација. Станува збор за еден од најголемите проекти во регионот со висина на браната од 192 метри што е меѓу првите 20 до 30 во светот.
Како што истакна професорот Вангел Фуштиќ од ЗЕМАК идејата за изградба на ПАХЕЦ Чебрен е од 1953 година и првично со неа се планирало изградба на хидроелектраните Тиквеш, Галиште и Чебрен. Во 1964 година е реализирана Тиквеш, а за другите две досега се спроведени 14 тендери од кои само последниот е успешен и предвидува изградба на ХЕЦ Чебрен.
Повеќе на Независен

