Отпуштени 100 вработени од штипска Баргала
Фејсбук статус на Гласен Текстилец:
📣Во текот на денешниот ден неколку работници/чки се пожалија во Здружението Гласен Текстилец од Штип дека околу 100 откази се дадени на вработени во Баргала поради кршење на ред и дисциплина.
📢На работниците/чките кои се пожалија дека и е даден отказ поради кршење на ред и дисциплина и е пружена правна помош и во истиот момент е пријавено од Здружението Гласен Текстилец во Државен трудов инспекторат.
‼ Досега неколку работнички имаат поведено судски постапки преку Здружението Гласен Текстилец против АД Баргала поради откази за кршење на ред и дисциплина, и во овој момент имаме добиено судски спор за овој случај каде Основен суд од Штип го усвои тужбеното барање на работничката и е констатирано дека дадениот отказ е незаконит и е наложено истата да се врати на работа.
🖇Се надеваме дека синдикатот ќе застане на страна на работниците и ќе помогне кон решавање на овој проблем бидејќи истите се застапени со 100% учество во синдикат.
✅Го охрабруваме Државниот трудов инспекторат да постапи и да ги поништи овие откази бидејќи имаме судска пракса дека истите откази кој се дадени на ваков начин се незаконити и се на штета на работниците/чките и нивните права.

