МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Папулев: Ние сме против увозот на работна сила, треба само малку да се зголемат платите за да нашите работници останат во Македонија

Бобан Илијевски

Со оглед на тоа дека се уште е актуелна темата за увоз на работна сила во туристичко – угостителскиот сектор, побаравме став и од Синдикатот за угостителство и туризам токму на таа тема. 

Од туристичко – угостителската комора воопшто не контактираа со нас и не се обидоа да поразговараме на таа тема и да видиме колку од нашите луѓе се присутни или отсутни од државата, колку се подготвени да работат во секторот угостителство и туризам во Република Македонија и за нивната намера да донесат 5,000 луѓе од надовр, вели за порталот Работник, потпретседателот на Синдикатот за угостителство и туризам, Сашко Папулев.

Според него, со ова тие ја заобиколуваат работната сила која е во Македонија и не ја мотивираат за да остане да работи во угостителскиот сектор во Македонија. Тој запраша како е можно сите тие луѓе да се способни да работат надвор, а не сакаат да работат во Македонија.

Очигледно дека има проблем во тоа и не сакаат да се потрудат да го разберат за да го решат, а од друга страна воведуваат нови 5,000 луѓе од надвор, кои генерално гледано, ќе им создадат дополнтителни трошоци, бидејќи верувам дека ќе има и сместување за нив и храна, а со тоа ќе испадне дека даваат плус пари за да ги платат македонските работници, посочи Папулев.

Истакна дека тие не се согласуваат со тоа, но доколку мислат дека тоа е подобро за нив, тоа е во ред. Додаде дека нашата работна сила е присутна, само треба да биде мотивирана за да не излегува надвор, туку да остане во Македонија.

Според аналзите коишто ги направил синдикатот, луѓето бараат нешто помалку финансиски средства, не огромни плати, за да останат во Македонија.

Мислам дека туристичко – угостителската комора нема допирна точка со реалноста на работниците. Воопшто не се консултирани, воопшто не се ислушани нивните проблеми и не се запрашни за колку пари би останале да работат во Македонија. Дефинитивно ова со увезувањето на работна сила е извадено; со среќа нека им биде, ако мислат дека со работниците од Турција ќе го покријат недостигот на работници, истакна Папулев.

Тој смета дека една голема бариера ќе биде токму јазикот, бидејќи турските работници сигурно нема да знаат македонски, па прашува како ќе комуницираат со македонските гости.

Папулев наведе дека досега иако многу пати барале средба со коморите, сепак ниедна од нив не се одѕвала на нивните барања. Посочи дека хрватските работодавачи се многу задоволни до нивните членови кои работат во Хрватска, многу повеќе од тие работници кои се заминати преку агенции.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk