ЕкономијаМакедонијаМакедонијаСиндикат

Пензионерскиот синдикат на Македонија денеска одбележува 4 години постоење – „Продолжуваме да се бориме за правата и статусот на пензионерите“

Пензионерскиот синдикат на Македонија денеска прави 4 години од своето формирање како организација која ги застапува и штити правата на пензионерите.

Во овие четири години се соочивме со низа на предизвици, меѓу кој е и борбата за да го регистрираме нашиот синдикат.

Станавме членови на Европската федерација на пензионери и постари лица, со која соработуваме постојано и заедно се стремиме да ги унапредиме правата на пензионерите и постарите лица.

Синдикатот уште од своето формирање активно се бори за зголемување на пензиите, со цел да им се обезбеди подобар стандард на пензионерите чии пензии се под прагот на сиромаштија. Постојано низ јавноста ѝ посочуваме на власта дека потребно е да се направи измена на членот 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, каде повторно ќе се врати стариот начин на усогласување на пензиите според индексот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

Инфлацијата во Македонија денес е огромна и таа ги јаде и така малите пензии на пензионерите, па од суштинска важност е да се направи оваа измена и да им се овозможи на пензионерите еден пристоен живот.

Пензионерскиот синдикат на Македонија ќе продолжи и понатаму да се бори за унапредување на правата на пензионерите и за подобрување на нивниот социо – економски статус.

Срдечен синдикален поздрав!

Претседател,

Марјан Спасовски.