НовостиСветот на работникот

Побарале од неа да лази и мука на интервју за работа: Кое Вашето најлошо искуство на интервју за работа (АНКЕТА)

   Време за читање 2 минути

Прашањето „Дали имате деца?“ можеби е едно од најомразените прашања на разговор за работа, а ако слушнете дека во странство од поединци барале да лазат и мукаат како крави, ќе сфатите дека низата на бизарни и непримерни ситуации на разговорите за работа одат далеку подлабоко од допирањето во приватноста. Во продолжение ќе слушнете приказни од поединци кои ќе ве остават без текст.

Лае пристигнала навреме на разговор за работа во една адвокатска канцеларија во Бристол, за да 20 минути подоцна ѝ кажат дека разговорот се откажува за следниот ден.

Вознемирена од целата ситуација, таа заминала дома. Подоцна добила порака во која било наведено дека откажувањето било своевиден текст и дека не го положила. Секако, не ја добила работата.

За британскиот јавен сервис BBC порачала дека ова искуство ѝ било потполно бизарно и дека ја натерало да отвори свој бизнис. Од ова бизарно искуство сепак излегло нешто добро, нели?

Чудни и непримерни интервјуа

На разговор за работа на Универзитетот во текот на студиите, од Аиксин и група на луѓе кои аплицирале за иста работа, било побарано да лазат и мукаат како крави.

„Тоа траеше околу 3 или 4 минути. Целото тоа време се чувствував изнервирано, беше крајно непристојно“, порачала таа и додала дека постоел притисок од врсниците кои тоа го правеле без приговор.

Лицето кое го водело интервјуто рекло дека сакало да види дали кандидатите се „забавни“.

Колку години ви преостануваат?

Една жена по име Џули ја прашале „колку години од животот и останале?“. Ова е едно од нај-бизарните прашања на интервју на работа, тука ќе се согласиме сите.

Дека прашањата одат уште подлабоко, потврдила и една маркетинг менаџерка, која еден моден бренд од Милано ја прашал што има од наследството.

Потеклото ви ја одредува платата

Една жена од Уганда, која уште како дете дошла во Лондон, се соочила со работодавач кој сакал да ја плаќа на основа на платата во Уганда, наместо на таа во Лондон. Нема потреба да се зборува за тоа дали ја прифатила работата.

Изгледа дека прашањето за мајчинството не е резервирано само за балканските простори, па така и жените од Велика Британија често се соочуваат со ова прашање.

Доколку имате приказна која сакате да ја споделите со нас, пишете ни на rabotnik.mkd@gmail.com

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Freepik

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси