ВИДЕО|Поранешни вработени во „Треска“: Ова не е прв пат да се запали Треска – Ние сакаме да ни се исплатат 24 плати и 1 и пол година стаж
24 плати и 1 и пол година стаж им должи фабриката „Треска“ на поранешните вработените. Тие денеска на прес – конференција пред изгорената фабрика, којашто вчера се запали, повторно ги кажаа своите проблеми.
Велат дека стечајниот управник ја продал Треска за „ич пари“. Тој им рекол дека бил принуден да ја продаде, потенцирајќи дека не знааат кој го принудил.
Поранешната вработена во „Треска“, Виолета Атанасиева рече дека стажот не им е исплатен за една и пол година и дека им должат 24 плати.
Вчера кога слушнавме дека се запалила, затоа што ние пред две недели бевме тука, и се договоравме со стечајниот дека тоа треба да ни го исплати. Ја имаме уште Радожда, голем објект кој вика дека ќе го продаде и дека ќе ни плати стаж за само три месеци. Нас тоа ништо не ни вреди. Три месеци за толкав објект. Ова се распродаваат, палат, некој нешто сака да направи. Сакаме да знаеме кој сето ова го запали“, рече Атансиева.
Посочи дека многу се револтирани и дека ова не е прв пат Треска да гори.
Таа се осварна и на Планет Ворд, која била сопственик на Треска, но го раскинала договорот. Атанасиева вели дека во документите стои дека доколку се раскине договорот, тие немаат ништо од фабриката, потенцирајќи дека тие се‘ уште се повикуваат дека се газди на Треска.
Наведе дека и сопственикот на земјиштето каде што е лоцирана Треска, Предраг Викентијевиќ добил 92 %, прашувајќи како истите ги добил.
Додека работевеме, Викентијевиќ имаше само едно мало куќарче, ништо друго. Сакаме се да се раскринка во државата и да знаеме на кој пат да тргнеме. Работникот во оваа држава апсолутно не се цени, додаде Атанасиева.
Тие коишто го слушаат ова, да знаат дека ни нема да застанеме тука и да простиме, дали тие од Владата или тој што има намера да инвестира тука би се откажал од личниот доход, кој е изработен, рече Чеде Каранфиловски, поранешен вработен во Треска.

Ние не застануваме тука. Тој што ќе дојде да инвестира треба да не гази. Ќе легнеме тука и нема реализција. Тие имаат цел и ја постигнуваат на сила, а не со аргументи, тие се на наша страна. А и стечајниот што прави 17 години тука, треба да се праша. Тој кажува различни вистини. Тоа што ќе го прашаме, не дава одговор, истакна Каранфиловски.
Вработените од Треска рекоа дека пред две години ангажирале и адвокати за нивниот спор и дека од нив нема ни траг, ни глас.
Инаку, 800 работници од Треска се оштетени, односно им се должат плати и стаж.

