Светот на работникот

ПОРТАЛОТ РАБОТНИК ВРАБОТУВА НОВИНАР!

Порталот РАБОТНИК објавува оглас за ангажирање на:

Надворешен соработник – Новинар

Порталот Работник е првиот, специјализиран медиум кој известува за работничките права, проблемите и предизвиците на работниците. Порталот Работник е непристрасен, објективен и транспарентен медиум кој се залага информациите до јавноста да ги пренесе согласно сите стандарди. Наша цел е работниците и работодавачите да бидат во тек со настаните коишто ги засегаат.

Работник има потреба од надворешен соработник – новинар.

Кандидатите кои имаат искуство во новинарството ќе имаат предност, но одлучувачки фактор ќе биде нивната кретивност и ентузијазам.

 Потребно е кандидатите да имаат дигитални вештини и познавање од WordPress.

Од кандидатот се очекува да работи на области од економија, правда и во делот на работничките права.

Работни задачи: пишување на новинарски текстови, правење интервјуа и анализи. 

Заинтерсираните кандидати да го испратат своето CV на info@rabotnik.com.mk најдоцна до 29.08.2021 година.