Светот на работникот

Потсетување: Работниците имаат право на надомест за работа на празници

Закон за празниците на Република МакедонијаЗакон за празниците на Република Македонија

Во член 4 од овој Закон се предвидува дека во Република Македонија се празнуваат и неработни денови за
верниците од православната вероисповед се:
– Бадник, ден пред Божик ;
– 19 Јануари, Богојавление (Водици);
– Велики Петок, петок пред Велигден;
– 28 Август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);и
– Духовден, петок пред Духовден.
Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови се:
– Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од
муслиманската вероисповед;
– 22 Ноември, Ден на Албанската азбука за припадниците на
албанската заедница;
– 21 Декември, Ден на настава на турски јазик за припадниците на турската заедница ;
– Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур за припадниците на
Еврејската заедница;
– првиот ден на Божик, вториот ден на Велигден и Празникот на
сите светци, според Грегоријанскиот календар за верниците од
католичката вероисповед;
– 27 Јануари, Свети Сава за припадниците на српската заедница ;
– 8 Април, Меѓународен ден на Ромите за припадниците на
ромската заедница ;
– 23 Мај, Национален ден на Властите за припадниците на
влашката заедница; и
– 28 Септември, Меѓународен ден на Бошњаците за припадниците на бошњачката заедница.
Согласно член 5 од овој Закон, во неработените денови од членовите 2 и 4 на овој закон, работникот има право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност
со закон и колективен договор.

Тимот на Јуридика