Вести

Практично измислиле нова професија која им носи и до 3,000 долари

Дали имате слушнато за тренери за работа на далечина?

Во последниот период, тренерот за кариера Дарен Кронијан го забележал следниот тренд: во огласите за работа се‘ повеќе се бараат кандидати за целосна работа на далечина, а приликата „исчезнува“ во рок од 48 до 72 часа, ако не ја зграбите.

Кронијан објаснува дека тоа се случува поради честата побарувачка за ваквиот вид на работа. Луѓето се‘ повеќе се тргаат од традиционалнот модел „9 до 17“ или секојдневните одења во канцеларија, а некои не го сакаат ниту хибридниот модел на работа.

Во еден момент, уделот на позициите кои подразибаат потполна работа од дома се намалил, бидејќи компаниите започнале да ги враќаат работниците на работа, меѓутоа, сега повторно доаѓа до пресврт, бидејќи вработените пружаат отпор.

Според податоците на LinkedIn, работните места каде што се нуди постојана работа на далечина и понатаму опфаќале речиси половина од сите апликации на таа платформа во мај, иако сочинувале само 11 % од сите огласи.

Преку отстранување на географските бариери, работата на далечина значи и проширување на профилот и бројот на кандидати, бидејќи нема да се пријават само оние кои живеат на даденото место, пишува Блумберг.

Кронијан истакнува дека конкуренцијата е огромна, насекаде во светот.

Оваа остра нерамнотежа на понудата и побарувачката станала нова реалност за стотици илјади кандидати за работа кои, поради грижата за домот, начинот на живот или здравствени причини, се одлучни да пронајдат работа која им овозможува слобода и флексибилност потполно да работат на далечина.

Истовремено, на конкуретниот пазар каков што е денес, особено изразен во САД, многумина им се обраќаат на т.н. тренери за работа на далечина, како што е Кронијан, кои им даваат насоки и поддршка.

Притоа, таквите услуги не се ефтини: една сесија може да го чини клиентот околу 300 долари, додека повеќемесечните програми ја преминуваат бројката од 3,000 долари.

На извесен начин, овој вид на coaching не се разликува многу од насоките за извршување на традиционалната работа. Примарната улога на овие тренери е да им помогнат на кандидатите да ја пронајдат посакуваната работа на далечина.

И за овој вид на аплицирање, потребно е да подготвите CV, пропартно писмо, да „погодувате“ квалитетни позиции, како и да научите како да се претставите себеси во најдобро светло и да докажете дека ќе бидете подеднакво ефикасни, иако не сте физички присутни

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock