Предолгото слободно време нема да ве направи повеќе среќни, вели овој психолог – Колку часа ви се навистина потребни во еден ден?
Кеси Холмс, професорка по социјална психологија на УКЛА во САД за CNBC пишува дека во 2013 година, додека патувала од Њујорк до Филаделфија, се чувствувала обземена од животот. Вели дека за една мајка која работи, се чувствувала како да нема доволно часови во денот за да се постигне се.
Подоцна, нејзиното истражување покажало дека не била единствената личност која го имала тој проблем. Таа сакала да дозане: дали имањето на повеќе слободно време ќе не направи позадоволни во животот?
Токму поради тоа, таа им дала задолжение на нејзините колеги да проучуваат како десетици илјадници Американци поминуваат еден обичен ден, како и колку се среќни. Сознанијата биле просветлувачки, вели Кеси.
Преголемата количина на слободно работно време нема да ве направи посреќни во живтотот
Прво, објаснува таа, искалкулиравме колку време трошат луѓето на дискрециони активности, како релаксирање, гледање на телевизија, спортување или дружење со пријателите.
Потоа го тестирале тоа како вкупниот износ на слободно работно време влијае врз нивното задоволство во животот.
Она што го откриле е дека идеално време за зголемување на среќата се еден до два часа во денот. Од друга страна, помалку од два часа или повеќе од пет часа слободно време на ден, го намалила нивото на среќа.

Податоците потврдија дека била „слаба со време“, односно дека се чувствувала дека имала премалку слободно време за да го направи она што сака и она што треба.
Кеси вели дека речиси половина од Американците се чувствуваат дека се на истото место, според анкетата на Галуп. Други студии, исто така, покажуваат дека немањето на време не прави повеќе депресивни, ни го зголемува стресот и емоционално не исцрпува.
Од друга страна, доколку регуларно имате повеќе од пет часа дискреционо време во еден ден, тоа е премногу, бидејќи го потценува чувството кон одредена цел.
Таа напоменува дека имањето на некоја цел, не значи работење на некоја работа за пари. На пример, неплатените волонтери често работат за некоја цел.
Исто така, објаснува таа, задачите кои е потребно да се завршат за да се има функционален дом или успешно родителство може да понуди чувство на задоволство или на достигнување.
Слободното време е важно, но важно е и тоа како го трошите
Рамномерноста на задоволството од животот помеѓу два и пет часа сугерира дека, помеѓу екстремите, начинот на кој го трошиме нашето слободно време е од големо значење.
Во денот имаме 24 часа, но начинот на кој гледаме на времето е субјективен. Ова е важно бидејќи зависно од тоа колку трае минута, час, ден или декада за вас, покажува дали се гледате себеси како некој кој има „доволно“ време.
Чувствувањето на самодоверба дека можеш да постигнеш се што сакаш е дефиницијата на тоа да бидеш „временски течен“. Со само 90 минути слободно работно време дневно Кеси можела деновите да ги направи да бидат поисполнети.
Еве како да бидете повеќе „временски течни“, без да додавате повеќе слободно време во вашиот распоред:
1. Движете се
Докажано е дека физичките активности се ефективен начин за да се подобри здравјето, среќата и самодовербата.
Обидете се да вежбате 30 минути дневно оваа недела. Многу е важно да го блокирате времето во вашиот календар за да го направите ова. Активностите не мора да бидат којзнае што, доволно е само бавно џогирање или да пешачите до работа, наместо да одите со автомобил.
Откако ќе завршите со тоа, во дневник запишете како се чувствувате (најверојатно, ќе се чувствувате одлично). Следниот пат кога ќе немате доволно време за да вежбате, дневникот може да ви послужи како потсетник за одличното чувство, па ќе знаете дека вреди да вежбате.
2. Вежбајте гестови на љубезност
Во една од нејзините студии, Кеси открила дека посветувањето на време на другите луѓе може да направи да се почувствувате дека имате повеќе дискреционо време.
Во некој од деновите на следната недела, направете два геста на љубезност – еден на некој пријател или познаник и друг на некој човек што не го познавате. Од вас зависи што ќе направите, но за да помогне, Кеси предлага неколку идеи:
- Платете му го кафето на некој непознаник во кафуле.
- Дајте му комплимент на некој.
- Помогнете му на колегата да заврши некоја задача.
- Донесете му на некој член на семејството некоја вкусна храна или пијалок.
- Оставете му цвет или убаво писмо на некој пријател.
Што и да е, направете го тоа само со цел другиот да има бенефит. Не размислувајте/не очекувајте нешто за возврат за вашата љубезност.
3. Искусете стравопочит
Кеси вели дека океанот отсекогаш имал голем ефект врз неа. Ја инспирира и ја исполнува со чувство на стравопочит. Вели дека пронаоѓањето начин за исполнување со ова чувство може да ја прошири нашата перцепција за времето.
Во една студија, истражувачите покажале дека споредено со рефлектирање на некој среќен настан, ре – имагинацијата на настан кој буди стравопочит предизвикува луѓето да намалат со брзањето. Исто така, ги правело да се однесуваат како да имаат повеќе време, терајќи ги да го искористат своето време за доброволна работа.
Кеси препорачува да искусите некои од овие искуства во текот на оваа или следната недела:
- Социјална интеракција: Дали преку физичка интимност, отворен разговор или нишање на новороденче, нашите интерперсонални врски се прошируваат многу над нас.
- Одење во природа: Прошетајте до блискиот парк. Погледнете во месечината. Фатете ја златно – розевата светлина на зајдисонцето или изгрејсонцето и ќе се чувствувате помалку во брзање.
- Абсорбирање на уметноста: Кеси се сеќава дека еднаш кога била студент на колеџ била исполенета со стравопочит од едно уметничко дело на Винсент Ван Гог. Отпрво, била нервозна при земањето на забелешки за нејзиниот есеј. Но додека стоела таму, гледајќи во визијата на уметникот, сфатила дека секогаш има доволно време.
- Сведочење на успеси: Огромна инспирација може да се најде во индивидуалните успеси. На пример, гледањето на вешто изведената алтлетска дисциплина може да ни ги отвори очите кон прекрасните можности на човештвото.
Извор: CNBC
Фото: Pixabay

