ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Сега знаеме дека иселувањето и намалувањето на ферталитетот се главни причини за депопулацијата во Македонија, вели Петрески

Бобан Илијевски

Драстичното намалување на бројот на вработени и невработени во првиот квартал од 2022 година е поради технички причини, објаснува универзитетскиот професор Марјан Петрески во изјава за порталот Работник.

Во податоците за бројот на вработени и невработени од Државниот завод за статистика видовме нагло намалување во првиот квартал од 2022 година поради технички причини. Имено, тие податоци произлегуваат од Анкетата за работна сила, а секоја анкета е предмет на пондерирање, со цел било која пресметка која се врши со таа анкета да се доведе на ниво на целата популација, вели Петрески.

Влезен импут, објаснува тој, за тоа пондерирање се информациите за структурата на популацијата, кој во случајов се извлекува од податоците од пописот.

Заклучно со крајот на 2021 година, вели Петрески, влезни информации за Анкетата на работна сила (АРС) биле податоците од пописот во 2002, а почнувајќи од 2022 година, влезни информации за сите анкети кои ги врши Државниот завод за статистика станале податоците од новиот попис од 2021.

Значи, сега показателите од АРС станаа точни и во релативни износи (стапки на вработеност, невработеност и сл.) и во апсолутни износи (број на вработени и невработени), а претходно беа точни само релативните показатели.

Петрески посочи дека сега знаеме кои се главните фактори кои придонеле за намалување на популацијата, а тоа се,првенствено интензивната емиграција која е особено застапена во последната деценија, како и намалената стапка на ферталитет.

Имено, вчера порталот Работник објави дека вработеноста во Македонија е намалена за речиси 120,000 лица, а невработеноста за речиси 37,000, во периодот од првото тромесечје на 2020 до првото тромесчје на 2022 година.

Драстично намален бројот на вработени во државата – Речиси за 120,000 помалку во првиот квартал од 2022

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk