Колумни

РЕБАЛАНСОТ ВО СПАС ЗА БИЗНИСОТ И РАБОТНИТЕ МЕСТА ИЛИ ПОВТОРНО ГОЛЕМО ПРОМАШУВАЊЕ

   Време за читање 2 минути

Во наредната недела ќе со соочиме со втор ребалнас на буџетот на држават со втор министер за финансии. Дали реално се распределени расходите со приходите, дали се доволно оделени средства за четвртиот пакет финансиска помош за граѓаните и економските оператори.

Во претходниот период бевме сведоци на превирање во техничката Влада каде министерот од опозицијата обвинуваше за нереално и непродуктивно трошење, додека останатите обвинуваа за блокирање од страна на министрите од опозицијата за развојен буџет во ек на корона кризата.

Знаеме дека државниот завод за статистика објави податоци за ;/ -12,7% пад на економскиот раст за вториот квартал, намалена јавна потрошувачка за -10% кој пак учествува во БДП со 70%, отпуштени преку 40,000 работници и ако на сето тоа ја додадеме и неформалната економија и работниците во во неа доаѓаме до податок дека претходниот ребаланс и мерките за финансиска помош на економските оператори и граѓаните е искористена само со неполни 200 милиони евра од 450 милиони евра , ребалансот е наплно промашен а финансиската помош не е исплатена.

Граѓаните и бизнисот секојдневно се жалат за негрижата на Владата за економската криза во која се наоѓаат, здравствената криза е се поголема и поголема, здравствениот систем диши на шкрги, а секојдневно се повеќе бизниси се затвараат а работниците ги губат работните места.

Доаѓаме до крајот на годината а државната каса се повеќе и повеќе и повеќе се празни, Македонија влезе во зона на високо задолжени земји со 60% , а претходната недела со аукција на државните записи ни домашните финансиски институции неприкажаа заинтересираност за државните записи. На 13.10.2020 година беа откупени од 60 мил евра понудени само 12 милини евра. Катастрофа домашните банки и инвестициски фондови не се заинтересирани за државните записи, зошто?

Заклучокот е неминовен и реален донесен од сите аналитичари и експерти, сега само треба да очекуваме како ќе се реализира четвртиот пакет мерки, дали ќе ги опфати сите загрозени, бизнисот, занаетчии, трговци поединци, микро и мали препријатија а од друга страна сите оние работници кој го изгубија своето работно место по разни основи или социјално загрозените семејства.

Резултатите ќе бидат задоволителни или катастрофални, но народот предупредува дека ова е последната шанса пред социјална криза.

Солидарност за сите ““ сите за еден еден за сите““

Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги изразува официјалните ставови на порталот Работник 

Бобан Илијевски