МакедонијаСиндикат

Претставници на СОНК остварија средба со раководителот на секторот образование во општина Сарај

Фејсбук статус на СОНК:

Вчера беше остварена работна средба меѓу претставниците на СОНК и раководителот на секторот образование во општина Сарај, Фари Реџепи. На средбата беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес, а особено внимание беше посветено на актуелниот проблем со јубилејните награди за членовите на СОНК од основното образование во општината. Соработката меѓу двете страни ќе продолжи со нова средба, на која што подетално ќе се разгледаат опциите за побрзо решавање на исплатата на јубилејните награди, како и останатите отворени прашања. На средбата, СОНК беше претставуван од потпретседателот Тафа Амети, претседателот на Регионалниот одбор на СОНК – Карпош Витомир Лазороски, како и претседателите на Синдикалните организации при училиштата „Дитуриа“ и „Прпарими“, Лек Зајази и Илми Мамути.