Приведени сопственик на угостителски објект, продавачи на петарди, санкционирани возачи…
Во рамки на новите одлуки за промена на работното време на угостителските објекти, во текот на вчерашниот ден извршени се контроли во 257 угостителски објекти, при што е констатирано непочитување на работното време во еден угостителски објект на подрачјето на Петровец, согласно последната Одлука на Владата, со која работното време се ограничува на 18:00 часот.
Со ова, соопштија денеска од МВР, одговорното лице на угостителскиот објект М.З., од село Петровец сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, М.З. е приведен во Полициска станица Гази Баба и известен е Јавен обвинител од ОЈО Скопје.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје, е спроведена зајакната акциска контрола од страна на Единиците за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во поглед на почитување на мерките од Законот за заштита на населението од заразни болести и новите одлуки за промена на работното време на угостителските објекти.
Повеќе на Либертас.мк

