Разбојништво во обложувачница во Бутел, уапсена гостиварка која со нож ограбила обложува
Четворица разбојници со „калашникови“ ограбиле спортска обложуваница, попладнево во Скопје.
-На 28.02.2022 во 13.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска обложувалница во населба Бутел четири лица со закана со оружје од вработените одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Од полицијата информираат и дека денеска на ул.„Жан Жорес“ во Маџари била уапсена Н.Г.(33) од Гостивар, со привремено живеалиште во Скопје. Таа се сомничи дека вчера со закана со остар предмет одзела пари од дневниот промет во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“.
При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени парите и предмети поврзани со кривичното дело. Таа била приведена во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

