МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Ралповски од КСС: Зголемувањето на работната недела на 60 часа може да се преслика во сите сектори

Бобан Илијевски

Конфедерацијата на слободни синдикати експлицитно е против зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа и за оние работници кои би требало да работат на коридорите 8 и 10 и за сите останати вработени.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски во телефонски разговор со редакцијата на порталот Работник изрази голем револт во однос на, како што вели, зголемувањето на работната недела коешто би можело да се одрзи во сите сектори.

Тој стравува дека како што се направиле злоупотреби со Законот за недела неработен ден, дека ќе се направат и со ова законско решние.

Посочи дека на тој начин државата се враќа еден век наназад, кога работниците немале работнички права.

Ралповски вели дека постојат големи шанси уште повеќе работници да заминат од тука доколку оваа идеја се протне во Законот за работни односи, бидејќи тоа би значело дека работниците кои работат шест дена неделно, ќе работат по 10 часа дополнително.

Тој се повика и на судот на правдата на Европската унија кој укажува на тоа дека надминувањето на просечното работно време, може да предизвика загрозување на безбедноста и здравјето на работникот.

Инаку, измените на Законот за работни односи се пред собраниската Комисијата за труд и социјлна политика. Неодамна Уствниот суд донесе одлука со којашто се поништи зголемувањето на работната недела на работниците кои би требало да работат на коридорите.

Преку законските измени, власта бара да се овозможи прекувремена работа подолга од 8 часа во текот на една недела; повеќе од 8 часа неделно во просек од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходна дадена согласност од работникот. А се предлага и недела да биде работен ден.

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk