НовостиПравдаСветот на работникот

Распоредување на работното време

   Време за читање 1 минута

Распоредување на работното време

Секој работодавач е одговорен за организирање на работниот процес и работното време на своите вработени. Независно од тоа што организацијата е во надлежност на самиот работодавач тој мора да се придржува до начинот на распоредувањето и условите за времено прераспределување на работното време содржани во Законот за работни односи, колективниот договор и поединечно секој договор за вработување.

Па така работодавачот е должен во писмена форма да го извести работникот за неговото времено прераспоредување на работното време, најмалку еден ден пред истото.

Распоредувањето на работното време се врши според природата или организацијата на работата или потребите на корисниците. При распоредување, како и временото прераспоредување на полното работно време, работното време не смее да трае повеќе од 40 часа неделно и не помалку од четири часа дневно, а не смее ниту да биде распоредено во помалку од 4 работни дена во неделата.

При распоредување, како и временото прераспоредување на работното време се зема предвид работното време како просечна работна обврска во периодот, кој не смее да биде подолг од шест месеца.

Во овој контекст работодавачот е тој кој го организира работното време дали во смени, двократно сменско работење, флексибилно работно време или други начини на организирање на работното време. Дополнително во пресметувањето на деновите на годишен одмор на работникот задолжително мора да се има предвид како е распределено работното време на работникот, односно во колку работни денови ја извршува својата 40 часовна работна недела и колку денови му се де факто работни, а колку неработни.

Тимот на Јуридика