ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Речиси 14,000 компании досега добиле финансиска помош за исплата на плати

Досега се одобрени 13,696 барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври 2020 година, а на 11,954 работодавачи им е исплатена финансиска поддршка, информираат од Управата за јавни приходи.

„Вкупната исплата досега изнесува 907 292 339 денари а опфатени се 58 302 вработени. Во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение“, стои во соопштението на УЈП.