Останато

Рубрика за трудово право: Договор за вработување на определено време и трансформација на неопределно време

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Договор за вработување на определено време и трансформација на неопределно време
Договорите за вработување предвидено е да можат да бидат склучени на определено или на неопределено време. Договорот за вработување може да се склучи на определено време за вршење на исти работи, со прекин или без прекин, но најмногу до пет години. Исклучок имаме само кога станува збор за вршење на сезонска работа. Работниот однос може да се трансформира во работен однос на неопределено и пред изминување на 5 години, доколку работникот работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, секако доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот.
Кога ваков договор за вработување на определено време е склучен со работник кој треба да заменува друг привремено отсутен работник, истиот може да се склучи се’ до повторното враќање на отсутниот работник на своето работно место.
ПРАВИЛНО е да се смета дека постапката за трансформација се започнува со барање од страна на вработениот, како и одлука од страна на работодавачот за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време.
ПОГРЕШНО е да се смета дека рокот од 5 години може да се надмине со прераспоредување на вработениот од едно на друго работно место кај ист работодавач, бидејќи тоа е типична злоупотреба на правата од работен и одредбите од Законот за работните односи.
Проф. д-р Лазар Јовевски