Русија: Данок да плаќаат невработените, домаќинките и децата на богатите
Професорот на Финансискиот универзитет во Русија, Александар Сафонов, предложи воведување на фиксен данок на доход за физички лица – конкретно за работоспособните, но невработени граѓани.
Како што пренесува рускиот медиум РБК, Сафонов оваа група ја нарече „професионални нeработници“, мислејќи на лица како домаќинки, сопственици на повеќе недвижности, како и деца на богати родители кои не се вработени, но користат социјални бенефиции, а притоа не придонесуваат во државниот буџет.
Целта на овој предлог е да се намали социјалната неправда, бидејќи постои категорија луѓе кои формално не се вработени, но имаат значителни приходи – и не плаќаат даноци.
Паралелно со ова, претходно беше објавено дека работодавачите во Русија кои им помагаат на своите вработени да заштедат за пензија, ќе добијат даночни олеснувања. Од 2026 година, компаниите ќе можат да ги пресметуваат тие придонеси како трошоци, со што ќе им се намали основицата за данок на добивка.
Извор: b92.net

