МакедонијаСиндикат

САДУ пристапи кон потпишување на колективни договори за зголемување на платите на вработените во повеќе институции

Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство – САДУ:

Направивме голем чекор кон поголемо вреднување на трудот на административните службеници!

🤝Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија САДУ пристапи кон потпишување на поединечни колективни договори во повеќе институции.

📌Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

📌Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

📌Министерство за социјална политика, демографија и млади

📌Министерство за здравство

Со овие колективни договори ќе се зголемат платите на вработените, но и ќе се подобрат условите за работа. Социјалниот дијалог претставува едниствениот начин за унапредување на правата на вработените.

✨ Зголемувањето на платите ќе се реализира етапно:

7% од март 2026 година

7% од март 2027 година

7% од март 2028 година

🤝Со овие договори се отвора ново поглавје на сигурност, мотивираност и стабилност за вработените, што директно придонесува за подобри услуги и постабилен систем во интерес на граѓаните.