ПравдаСветот на работникот

Само денес 180 откaзи во конфекција во Свети Николе, ќе има уште отпyштaња

Како што најави, така и побрза да подели откази. Поранешниот пратеник од СДСМ Ангел Димитров, актуелен претседател на Организацијата на работавачи и директор на светиниколската модна конфекција „Мода“ денеска поделил 180 отказни решенија. Вработените биле викани еден по еден за да бидат информирани дека се прекинува нивниот работен однос. Се работи за 180 лица од кои некои со досегашните примања обезбедуваа егзистенција за своите семејства. Во најава е дека ќе има нови бркања од работа. Неизвесна е судбината на повеќе од 260 вработени кои остануваат на принуден одмор.

Повеќе на Инфомакс.мк