ПравдаСветот на работникот

Само 8% од глобалното население извршувало работа од дома пред пандемијата од Ковид – 19

КАКО Е ДЕФИНИРАНА РАБОТАТА (ОД) ДОМА?
Работењето од дома стана нов тренд кој го наметна пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, Ковид-19. Речиси целиот свет се „затвори“, па сите работни места за кои беше возможно да се работат од далечина се преселија дома. Овој феномен честопати го нарекуваат „големиот експеримент на работа од дома“, и несомнено, допрва ќе има истражувања и студии во овој поглед. Но, малку свесни сме за фактот дека работата од дома воопшто не е нешто ново и непознато, ниту вистински феномен, туку работа која пред пандемијата околу 8 % од светското население (Извор: МОТ) ја извршуваше од дома, која во 1996 година е дефинирана од страна на МОТ во Конвенцијата за работа од дома бр. 177”:
(а) Терминот работа дома означува работа која лицето, во понатамошен текст работник/чка кој/а врши работа дома, ја врши
(i) Во својот дом или во други простории по сопствен избор, а кои не се работното место кај работодавачот;
(ii) За приход;
(iii) чиј резултат од работата е производ или услуга прецизиран од работодавачот, без разлика на тоа кој ја обезбедува опремата, материјалите или други инпути кои се користат, освен ако лицето има степен на автономија или економска независност кои се потребни за да се смета за независен работник/чка според националните закони, одредби или судски одлуки;
(б) Лица кои имаат статус на вработено лице не стануваат работници/чки кои вршат работа дома во рамките на значењето на оваа Конвенција, само затоа што повремено работат како вработени лица дома наместо на вообичаеното работно место;
(в) Терминот работодавач означува лице, физичко или правно кое директно или преку посредник, без разлика дали посредниците се предвидени со националните закони, даваат работа за вршење дома заради исполнување на работните задачи.
Иако одамна е препознаена работата дома како вид работа со која работниците егзистираат, сепак во повеќето земји целокупното законодавство кое се однесува на права и обврски на работниците не ги покрива во целост работниците кои работат од дома. Слична е ситуацијата и во Македонија, каде ваквиот вид работа беше многу малку застапен пред почетокот на пандемијата.
Од денешна перспектива, што треба да се доуреди во однос на работа од дома според вас? Со кои предизвици се соочувате, кои сметате дека би можело да се надминат преку законска регулатива?
 

КАКО Е ДЕФИНИРАНА РАБОТАТА (ОД) ДОМА?

Работењето од дома стана нов тренд кој го наметна пандемијата предизвикана од…

Posted by Juridica on Saturday, February 20, 2021