ПравдаСветот на работникот

Се вакцинираа првите здравствени работници од инфективното одделение од Битола

Еден дел од персоналот од КОВИД-19 центарот на Инфективното одделение и од Клиничка болница Битола, ја прими првата доза од Фајзеровата вакцина во модуларната болница во Клиничкиот центар во Скопје.-Кај ниту еден од вакцинираните не се манифестираа несакани ефекти и реакции, сите се чувствуваме добро и среќни што даваме придонес за да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите сограѓани. Препорачуваме сите граѓани без разлика на возраст да се вклучат во процесот на вакцинација против САРС-КоВ-2, со цел да ја добиеме битката со овој моќен непријател и целата планета да живее мирен и спокоен живот, рече прим. д-р Ели Димитровска, раководител на инфективно одделение во Клиничка болница Битола.

Самиот процес на вакцинација беше реализиран максимално безбедно и навремено со почитување на сите предвидени процедури и протоколи.

Ревакцинацијата е закажана за три недели.

Извор: Битолањуз