Се менува ли стигмата за проблемите со менталното здравје на работно место?
Подготивил: Бобан Илијевски
Во ек на пандемијата со Ковид -19, менталното здравје било слабост на многумина. Самата пандемија предизвика стресови, но и стравови, најмногу од вирусот кој одземаше животи и падот на економија кој беше причина за губење на многу работни места.
Пролонгираната изолација, зголеменото тагување, ограничениот пристап до заштита на менталното здравје и сеизмичките социјално – политички случувања создадоа низа на притисоци. Сето тоа созададе зголемена појава на страв и анксиозност кај луѓето, пишува авторката Megan Carnegie за BBC.
Ефектите се широкопојасни, а тоа може да се види од анкетата објавена од Меѓународниот комитет на Црвениот Крст во октомври 2020 година. 51 % од испитаниците од седум држави рекле дека пандемијата негативно влијаела на нивното менатално здравје. Податоците од страна на US Census Bureau објавени во април 2021 година покажале дека бројот на возрасни со скорешни симптоми на анксиозност и депресија пораснал од 36 % во август 2020 на 42 % во февруари 2021 година. Истражувачите се уште прибираат податоци за влијанието на пандемијата врз менталното здравје, а во меѓувреме загриженоста за исходот од пандемијата мачи многу луѓе.
Голем дел од работодавачите ја препознале тежината на овој проблем и реагирале на истиот. Некои фирми вовеле повеќе бенефици насочени кон психолошката благосостојба и повеќе опции во рамките на програмата за помош на вработените (employee assistance programs – EAP). Оваа програма им овозможува на работниците бесплатни услуги во насока на менталното здрвје и проблеми со злоупотреба на супстанци. Голем дел од компаниите вовеле и повеќе превентивни мерки, како повеќе слободни денови или тренинг за вработените.
За некои работници, дискусијата за менталното здравје на работното место станала вообичаена. 32 % од британските работници се чувстуваат комфорно да зборуваат за менаталното здравје на работното место од почетокот на пандемијата, во споредба со 14 % во средината на 2019, покажува анкетата спроведена од социјалното претпријатие Mental Health First Aid England. Слично е и во САД, каде Американската психијатриска асоцијација чијашто анкета од април 2019 година открила дека 51 % од работниците се чувствувале комфорно да разговараат за менталното здравје со нивните менаџери и колеги. Овој процент се зголемил на 65 % во септември 2019 година. Констатацијата е дека на ова поле се прави голем прогрес, барем во западните земји како САД и Велика Британија.
Авторката вели дека и покрај напредокот на ова поле, проблемите поврзани со менталното здравје остануваат стигматизирани во речиси сите полиња од животот.
Страв и колебање
Во многу случаи, компаниите навремено реагирале преку различни мерки во помагањето на нивните вработени околу проблемите со менталното здравје. Во април 2020 година, од американските компании кои веќе им понудиле помош на вработените, 25 % ги прошириле мерките, воведувајќи мерки како консултации за справување со тагувањето, а 57 % ја зголемиле комуникацјата со вработените за да им укажат до каква помош можат да пристапат.
Други компании вовеле различни видови на поддршки: во САД во 2021 година, повеќе американски компании нуделе дополнително платено отсуство (зголемување од 55 %), денови за менталното здравје ( зголемување од 41 %) и обуку за ментално здравје за менаџерите и вработените (зголемување од 33 %) споредено со 2019 година, велат податоците на непрофитната организација Mind Share Partners која овозможува обуки и стратегии за ментално здравје на глобалните компании.
Иако овие мерки вродуваат со плод и вработените се повеќе ги бараат, не е јасно дали тие навистина ги користат често. Некои податоци велат дека само една дестттина од вработените во Британија ги користеле овие мерки во 2021 година. Ова е скок од повеќе процентни поени за само една година, но е малку во споредба со бројот на луѓе кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје.
Можно е недостатокот на преземањето иницијатива да е повразно со стравот од стигматизирање на работното место, доколку работодавачите знаат кои ги користи често мерките, велат експертите. Вработените се сомневаат дека овие мерки не се потполно доверливи, вели Кели Гринвуд, основач и извршен директор на Mind Share Partners. Истражувањата покажуваат дека работниците се двоумат да ги користат достапните услуги за ментално здрајве, доколку веруваат дека тоа може да ги загорзи нивните идни кариерни можности.
Повеќе можете да прочитате тука
Во Македонија не се зборува многу за менталното здравје на работното место, иако голем број на работници се соочуваат со проблеми поврзани со истото. Не постојат точни податоци за тоа колку компаниите им обезбедуваат поддршка на работниците во овој сегмент. Сепак, веб страната „Разговор.мк“ која овозможува онлајн разговор со психолози во 2021 година им на правено истражување за менталното здравје во ИТ секторот.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека вработените во овој сектор го имаат во предвид менталното здравје при одлучување за ново работно место и напуштање на старото. Тие сметаат и дека менталното здравје има големо влијание на нивната продуктивност и велат дека компаниите во коишто работат треба да се грижат за нивното ментално здравје.
Во однос на пандемијата со Ковид -19, голем број од исптианиците се произнеле дека почувствувале негативни последици од истата.
Интересно е што, дури 46 % од вработените го напуштиле претходното работно место поради нарушување на менталното здравје.
На анкетата одговориле 249 лица, сите поврзани со ИТ секторот.
Фото: Freepik

