ЕкономијаМакедонија

Синдикалната кошница за јули е 47 000 денари, две минимални плати се 36,000

Синдикалната минимална кошничка за јули ќе биде 47 000 денари, најавуваат од Синдикатот за ТВ 24. За еден месец зголема за над 7000 денари, за една година 12 000. За нив податоците за инфлацијата се нереални, велат трошоците се далеку поголеми. На оваа тема, разговор со Слободан Трендафилов од ССМ.

Инаку, две минимални плати од по 18,000 денари се вкупно 36,000 денари, што значи дека на едно четиричлено семејство сега му недостасуваат 11,000 денари за да ја стигне минималната кошница.