Синдикатот на велосипедисти на Хрватска најави големо протестно возење низ Загреб
Синдикатот на велосипедистите на Хрватска организира пролетна „Критична маса“, масовно возење со велосипеди низ Загреб, со која сака да ја предупреди градската власт на бавната реализација на велосипедската инфраструктура и растечката доминација на автомобилите во сообраќајот.
Возењето ќе се одржи во петок, на 8 мај, со почеток од 18 часот, а собирањето на учесниците е предвидено од 17.30 пред Хрватскиот народен театар.
Порачуваат дека Загреб останува град за автомобили
Од синдикатот на велосипедистите тврдат дека и покрај претходните ветувања бројни проекти за велосипедската инфраструктура не ја покренале ниту нивната реализација се одолговлекува.
Истакнуваат дека дел од сообраќајниот буџет и понатаму се наменува на лични автомобили, додека велосипедистите секојдневно се возат на несигурни и неповрзани рути.
„Алармантен пораст на бројот на моторни возлиа во Загреб – околу 34 % во само 10 години на приближно еднаков број на жители и најавени милионски инвестиции во проширувањето на патиштата за моторниот сообраќај упатуваат на понатамошно продлабочување на проблемот“, порачале од синдикатот.
Извор: Index.hr

