СОНК ги очекува заклучоците од Владата – утре седница на Советот
Претседателот на СОНК Јаким Неделков на својот Фејсбук профил објави соопштение до јавноста кое ви го пренесуваме интегрално:
Соопштение до јавноста
СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта. Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува.

