Тетово: Оштетена наплатна рампа, уништени блокатори и истепани двајца вработени во пајак службата
Непознати сторители ја оштетиле наплатната рамна на затворениот паркинг „Лирија“, кој се наоѓа спротив судот во Тетово, а случајот е пријавен во полиција.
ЈП Градски паркинг соопшти дека ќе се разгледуваат снимките од безбедносните камери со цел да се пронајдат сторителите. Од таму апелираат до граѓаните да се воздржуваат од вакви инциденти.
Од претпријатието објавија дека во текот на минатата недела им биле уништени и седум блокатори кои биле поставени на тркалата, а неодамна и двајца вработени од пајак службата биле истепани и се здобиле со полесни повреди.

