Социјална сигурност на старите лица
Социјална сигурност на старите лица
Во нашата држава постои Закон за социјална сигурност на стари лица кој е донесен согласно начелата на социјална праведност, хуманост и солидарност. Во овој закон е уредена социјалната сигурност за старите лица, условите и постапката за остварување и финансирањето на правото на социјална сигурност за старите лица. Правото на социјална сигурност за стари лица претставува месечен паричен надоместок кој го остварува лице кое што не го остварува правото на пензија.
Правото на социјална сигурност за старите лица е предвидено за лица со навршени 65 години возраст, кои ги усполнуваат условите утврдени со истоимениот закон. Во случај да подносителот на барањето за остварување на правото на социјална сигурност има брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница со навршени 65 години возраст, правото го остварува само едно од лицата.
Услови за остварување на ова право се:
1. има државјанство на Република Северна Македонија;
2. има постојано место на живеење во Република Северна Македонија во последните 15 години пред поднесување на барањето;
3. нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува;
4. не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава и
5. не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.
Овие услови се однесуваат и на брачниот партнер или пак лице со кое живее во вонбрачна заедница.
Тимот на Јуридика

