СПМ ги испорача своите барања пред Владата на Македонија – повисоки плати, ковид додаток, нови униформи…
Синдикатот на полицијата во Македонија – СПМ денеска го одржа протестот пред Владата, каде ги упати своите барања до неа и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
СПМ поддршка доби од гранските синдикати на Конфедерацијата на слободни синдикати, каде што и СПМ членува.
Меѓу барањата кои СПМ ги испорача беа, нов европски Колективен договор, да запрат незаконските распоредувања и сите оние полициски службеници коишто се распоредени, да бидат вратени на своите работни места, тенедер за нови униформи за полициските службеници, повисоки плати, ковид додаток итн.
На протестот се обратија Претседателот на СПМ Орце Коцевски и Генералниот Секретар Дејан Саздов.
Повеќе во видеото во прилог:

