МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ го честита Денот на македонската полиција со барањето „1 ЕВРО – 1 БОД“

Нека е ЧЕСТИТ Денот на Македонската Полиција, 7-ми Мај👮🏼‍♀️👮🇲🇰

Почитувани вработени во Министерството за Внатрешни Работи,

Полицијата постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, личната безбедност и сопственост.

Во време кога…

– ПЛАТАТА НА ПОЛИЦАЕЦ Е 15.000 ДЕНАРИ,

– Функционери со покачени плати а Полицаецот со ЖИВОТ на рати,

– Се фалиме дека во МВР ТЕЧЕ МЕД И МЛЕКО,

– Мешање во НЕЗАВИСНОСТА на Синдикатите,

– МОБИНГ, НЕЗАКОНСКИ РАСПОРЕДУВАЊА, СПРАВУВАЊЕ СО ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ,

– Постоење на ПРИВЕЗОК синдикати и што ли уште не….

….сеуште не се откажуваме од оваа професија.

И ДЕНЕС ОСТАНУВА БАРАЊЕТО ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ И ДОСТОИНСТВЕНА ПЛАТА 1 ЕВРО ~ 1 БОД🎯

На сите припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија им честитаме за професионализмот во извршувањето на одговорните задачи, но пред сè за лојалноста кон татковината и покрај сите предизвици со кои се соочуваат.

Не постои друга професија во светот која што може да ја одберете и каде што ќе ги искусите најдобрите и најлошите животни реалности. Да бидеш полициски службеник преставува особена чест.

Да направиме од професијата Полицаец професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава.

 

Нека ни е ЧЕСТИТ 7-ми Мај ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА и Вечен спомен на ХЕРОИТЕ КОИ НЕ СЕ ПОВЕЌЕ МЕЃУ НАС… Тие живеат во нашите срца, никогаш нема да ги заборавиме…