ССНМ, ЗНМ и СЕММ до политичарите: Што е за вас новинарството?
Со години забележуваме примери на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, што нè исправило пред дилемата: дали најголем дел од политичарите знаат каква е улогата на новинарите и медиумските работници и кое е нивното значење за демократијата ?, прашуваат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ, Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ и Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ.
„Затоа, во пресрет на изборната кампања, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) јавно им поставуваат девет, основни, прашања на политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори 2020 година. Дел од нив се однесуваат на нивните ставови за реформите во медиумскиот сектор, гледиштата кон новинарството и идеите што ги имаат околу создавање услови за развој и слободно дејствување на професионалните новинари и медиумски работници, односно за точно, навремено и објективно известување на граѓаните“, велат во заедничкото соопштение.
Очекуваат политичките чинители во изборите кои се сериозни да дадат искрени одговори кои понатаму ќе можат и да ги спроведат, а со цел подобрување на слободата на изразување и независноста на медиумите во нашата земја. Велат дека во наредните девет дена секојдневно и јавно ќе поставуваат по едно прашање со цел подигање на свеста за тоа што значи новинарството во едно демократско општество .
Новинарството е јавно добро и заслужува да добие таков третман, бидејќи нема демократска држава без професионално новинарство и доброинформирани граѓани .
„Што е за вас новинарството?
- Како планирате да го поддржите професионалното новинарство на долг рок ?
- На кои принципи се заснова вашата медиумска стратегија за создавање услови за функционирање на независни медиуми ?
- Што ќе направите за подобрување на независноста на финансирањето на МРТВ и како ќе придонесете кон политичката независност на јавниот сервис ?
- На кој начин планирате да го поттикнувате колективното преговарање во медиумите, како еден од најдобрите начини за обезбедување на работничките права ? Како планирате да обезбедите почитување на основните работнички права во медиумите?
- Каков е вашиот план за спречување на влијанието на политичките и бизнис центри врз медиумскиот пазар?
- Што ќе направите за подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници? Која е вашата стратегија за прекинување на неказнивоста?
- Што ќе направите за економската одржливост на професионалните локални медиуми?
- Како ќе ја гарантирате политичката независност на медиумскиот регулатор?
- Што ќе направите за да ја поддржите медиумската саморегулација и медиумската писменост?“ се прашањата кои ги поставија до политичарите.
- „Вреди“ ја почна кампањата за изборите – економските ветувања во фокусот - 18/04/2024
- Мицкоски: Во програмата „Платформа 1198“ предвидени се повеќе од 2 милијарди евра да се инвестираат во инфраструктурата, 250 милиони евра годишно кон општините, конечно завршување на автопатот Кичево – Охрид - 18/04/2024
- „Тесла“ отпушта 300 работници во фабриката во близина на Берлин - 18/04/2024