ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Стопанска комора: Неработната недела ќе ги избрка инвеститорите и туристите од Македонија

Недела неработен ден ќе ги пренасочи странските инвеститори кон соседите, а поради ограничувањата туристите ќе ја избегнуваат нашата држава, смета Стопанската комора на Северна Македонија.

-Ниту во една друга држава од соседството, ниту во државите кои се директни конкуренти на РСМ во привлекувањето на странски инвеститори не е уредено вакво стриктно ограничување, и истото сериозно ќе влијае на конкурентноста на македонските компании, но и ќе наметне ризици за одлив на инвестиции на тие пазари. Напоменуваме дека забрана за работа во недела или наметнување на дополнителни ограничувања ќе доведе странските инвеститори да ја преиспитуваат РСМ како дестинација, туристите да ја избегнуваат државата како туристичка дестинација, а домашните потрошувачи да се насочат кон соседните пазари, наведуваат од Комората во писмено обраќање до надлежните во Владата.
Ова е само една од многуте забелешки кои Комората ги набројува во писмото на 17 страници, потпишано од извршниот директор Билјана Пеева-Ѓуриќ, со кое уште во декември лани укажа дека неработната недела ќе има сериозни негативни последици врз целата македонска економија и најави дека Законот ќе го даде на Уставен суд.

Повеќе на Вечер.прес