МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Тоа што како синдикат го негодувавме подолг период, сега се покажува на дело, велат од КСС

   Време за читање 2 минути

Тоа што го зборуваме подолг временски период и што негодуваме како синдикат за недоследностите на Владата во исполнувањето на законите како и обидот еден до двајца министри да диригираат зголемување и намалување на платите во јавниот сектор сега се покажува на дело со барањето за автентично толкување од Законодавно – правната комисија при Собрнието, на член 66 од Законот за буџетите.

КСС во повеќе наврати во минатото укажуваше дека зголемувањето на платите или додатоците на плати се прави селективно а со новите закони од делот на трудовото право сакаат да ги легализираат сите тие дивоградби и еднинствено Министерот за финансии да одобрува каде може да има зголемување на платите или истиот, како што е сега во Законот за буџетите, да бара покачување само за 30% на еден сектор а другите вработени да останат на истото рамниште.

При предложување на оваа мерка Министерот за финасии даде образложение дека истата се носи за да вработените во Министерството се израмнат со платите со другите финансиски институции кои што соодвествуваат со нив. Иако како синдикат побаравме таа мерка да важи за сите вработени во јавниот сектор, од причина што секое министерство или секоја институција има своја специфика на работа и недостаток на стручен кадар, Министерот не убедуваше дека вработените во Министерството биле најважни. Сега се соочуваме со повторен колапс и огромно промашување со што се бара покачување од 30% само во еден сектор во Министерството а другите вработени да останат повторно со кратки ракави.

Тоа за кое како синдикати реагираме во последите неколку месеци за предлог Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи како и новиот предлог Закон за административни службеници со овој пример се покажува кој и како ќе ги формира платите на вработените во јавниот сектор. Затоа уште еднаш бараме повлекување на сите овие закони со нивна доработка низ социјален дијалог со социјалните партнери и пред се вклучување на синдикатите во насока на суштински договор и зачувување на деценсиките права за кои што се имаме изборено и кои што оваа Влада на ваков демонстриран начин со ваква показна вежба сака да ни ги одземе.