Светот на работникот

Топ 10 занимања за лица над 55 години со одлична плата

Платформата за кариерни ресурси „Resume Genius“ оваа недела објави нов извештај со 10 најдобро платени работи за лица над 55 години во 2025 година.

При рангирањето предвид биле земени не само високите плати, туку и ниските барања за физички ангажман, можноста за флексибилно работно време, како и растот на вработеноста во овие професии. Дополнително, во листата се вклучени работи кои не бараат образование повисоко од диплома од основни студии и каде што веќе постои значителен процент на вработени постари од 55 години.

На прво место се најдоа менаџерите за продажба, кои раководат со продажни тимови и работат на зголемување на дострелот до клиентите. Според извештајот, работата бара минимален физички напор, а просечната часовна плата изнесува 66,38 американски долари.

Меѓу најпогодните занимања за постари лица се и работите на сметководители и ревизори, бидејќи нудат сезонски и консултантски ангажмани со поголема флексибилност.

Искуството е високо ценето во сите индустрии, а многу работодавачи бараат постари кандидати за лидерски или менаџерски позиции“, истакна во соопштение за медиуми Натaн Сото, експерт за кариерa во „Resume Genius“.
Не плашете се да се впуштите во нови области што можеби излегуваат надвор од вашата претходна кариера; вашите вештини можат да бидат повредни отколку што мислите“, додава тој, пренесува Entrepreneur.

Топ 10 најдобри занимања за лица над 55 години во 2025:

  1. Менаџери за продажба
  2. Аналитичари за компјутерски системи
  3. Аналитичари за менаџмент
  4. Сметководители и ревизори
  5. Менаџери за социјални и општествено корисни услуги
  6. Претставници за продажба (големопродажба и производство)
  7. Менаџери за недвижности и здруженија на заедници
  8. Менаџери во угостителството
  9. Агенти за продажба на осигурување
  10. Агенти за недвижности и продажни агенти

Извор: bizportal.rs