Тројца проректори и синдикатот го обвинија Јанкуловски дека незаконски спроведува избор на ректор во вонредна состојба
Тројцата проректори на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), проф. д-р Вујица Живковиќ, проф. д-р Гордана Јосифова-Неделкова и проф. д-р Владимир Петрушевски, како и Независниот академски синдикат, преку одделни писма до медиумите го обвинија ректорот Никола Јанкуловски дека во време на вонредна состојба незаконски закажал седница за избор на нов ректор, функција за која и самиот е кандидат.
Ректорот Јанкуловски вели дека започнатата постапка за избор на ректор за мандатниот период 2020-2023 е во целосна согласност со актуелниот Закон за високо образование, дека мандатот на ректорот на УКИМ не е истечен како и дека оваа законска процедура не е никаков лов во матно, туку дека само станува збор за спроведување на законска постапка.
Повеќе прочитајте на СДК.мк

