Угостителите и туристичките работници не се задоволни од помошта на државата
Да продолжи мерката субвенции за плати се додека има рестрикции за работа на угостителските објекти. Најзагрозените како рестораните за свадби и ноќните клубови кои воопшто не работат да се потпомогнат со неповратни грантови. Ова се очекувањата на угостителите кои ако не се вградат во новиот пакет мерки помош од државата ќе доведат до отпуштања на работници и стечај на фирмите.
Државата мора итно да го реши и проблемот со протоколите за работа. Одредени дејности скоро една година не функционираат поради тоа што надлежните не изготвуваат никаков Правилник за работа, а од друга страна не им дозволуваат да работат.
Ставот на угостителите за субвенциите за плати го делат и туристичките работници. И тие се со поголеми очекувања од она што е најавено дека ќе го содржи новиот пакет мерки како помош за нивниот сектор.
Извор: Сител

