УНИ Банка продолжува со поддршката за равој на дигиталните бизниси и претпримеништвото
По успешното потпишување на договор со Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР) на Македонија, со кој се даваат големи поволности на Старт-ап компаниите (повеќе за поволностите), УНИ Банка продолжува со засилена поддршка на претприемништвото и дигиталните бизниси.
На презентацијата за настанот „Недела на Start-Up и Мали и Средни Компании“ организиран од ГС1 Македонија и ЦИКП, УНИ Банка детално ќе го претстави новиот концепт „Мој Банкар“. Услугата овозможува компаниите да добиваат полесен, побрз и поедноставен пристап до банкарските продукти, но од најголема важност консултации поврзани со нивните редовни деловни обврски за унапредување на работењето и финансиската стабилност кај компаниите.
За еден од најголемите предизвици за Start-Up и Малите компаниите е управување со солвентноста и финансиите. „Мој банкар“ им овозможува на претприемачите насоки како да управуваат и кои се најсоодветните банкарски продукти што ќе овозможат ликвидност и финансиско „здравје“ на нивните компании. Преку интерактивниот настан, претприемачите ќе бидат во можност директно да ги разгледаат бенефитите и начините за користење на услугата.
Повеќе на Банкометар.мк

