ПравдаСветот на работникот

Филипче бара вработените на критични работни места да се стрпат за вакцинирање

Трпение побара денеска министерот за здравство Венко Филипче за сите вработени во критичната инфраструктура, напоменувајќи дека само дел од вработените во овие дејности досега се вакцинирале, но оти како што ќе стигнуваат новите вакцини така ќе се прошири процесот на имунизација за сите вработени во тие сектори.

Филипче денеска во изјавата пред арената „Борис Трајковски“ напомена дека  од сите институции во критичната инфраструктура, сепак само еден дел вработени се вакцинирале, односно оние, како што рече, кои се изложени на најголем ризик.

– Информациите ги земавме од раководителите на институции, буквално од министерствата, од другите институции, поради тоа што само со толкав број на вакцини  располагаме. Како ќе се зголемува бројката, така ќе се зголемуваат и групите од институциите, кои понатаму ќе бидат вакцинирани во тоа сценарио паралелно во постојниот систем на вацинирање со граѓаните од повозрасната група. Апелирам на трпение, доаѓаат вакцините, ќе има за сите, системот може да функционира и многу граѓани ќе се вакцинираат – истакна Филипче.