ЗанимливостиСветот на работникот

„Фх3х“ стана дел од светската групација „Синесајт“

Mакедонската компанија„Фх3х“ стана дел од светската групација „Синесајт“ и предвидено е вработување на 120 артисти годишно во следните четири-пет години.
Според Кристијан Даниловски, влезот во „Синесајт“ е природен следен чекор во еволутивниот развој на „Фх3х“, чиј тим со многу креативност, упорност и посветеност успеа да стигне и да опстои на холивудскиот пазар и во своето портфолио да ги вкнижи дури и најпознатите филмски блокбастери.
– Работејќи заедно, ќе можеме да им понудиме уште подобри услуги на нашите клиенти, во поголем обем, а наедно и телевизиски серии и играни филмови. Низ соработката со „Фх3х“ последниве неколку години, искусивме одлична работна етика и квалитет што сме восхитени да им го понудиме како наш интегрален дел на нашите клиенти, на кои ќе можеме да им го исполниме барањето на постојан раст на квалитетот на визуелните ефекти – изјави Ентони Хант, извршен директор на групацијата „Синесајт“, едно од најпознатите светски студија за визуелни ефекти, со канцеларии во Англија, Германија и Канада.

Повеќе на Нова Македонија

Фото: Freepik