Вести

Хигиеничари, келнери, општи работници… Кои занимања се најбарани?

Во прилог погледнете кои се најбараните занимања каде што би можеле да најдете работа.

Во дејноста Трговија на големо и Трговија на мало и во Преработувачката индустрија има најмногу слободни работни места, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Овие дејности нудат најмногу простор за вработување, за разлика од, на пример, дејностите од Јавна управа и одбрана (28) и дејностите во врска со недвижен имот (15), каде што има најмалку слободни работни места.

Податоците на Агенцијата покажуваат дека во дејноста Трговија на големо и Трговија на мало има, додека во Преработувачката индустрија има 1,623 работни места.

Извор: Агенција за вработување

 

Сега сигурно се прашувате колку изнесуваат платите во овие две дејности.

Според податоците на Државниот завод за статистика за просечната плата во октомври месец 2022 година, просечната плата во дејноста Трговија на големи и Трговија на мало изнесувала 31,393 денари, а во Преработувачката индустрија – 29,003 денари.

Во дејностите каде што има најмалку слободни работни места, а тоа се Јавната управа и одбрана и дејностите поврзани со недвижен имот, просечната плата изнесува 33,554, односно 32,384 денари.

Дали и колку се исплати да се работи во дејностите каде што има најмногу слободни работни места останува да процени јавноста.

Кои се најмногу барани и најмалку барани занимања?

А сега да погледенеме кои се најмногу и најмалку барани занимања според Агенцијата за вработување. Податоците покажуваат дека најмногу се бараат хигиеничари на станбен и деловен простор или вкупно 934. После нив се продавачите со бројка од 534, а на трето место се општите работници или 429 слободни работни места за нив. Ако листата од топ три ја прошириме на топ пет најбарани занимања, во неа би ги додеале и возачите на камиони, каде има 295 слободни работни места и келнерите со 289 слободни работни места.

Најмалку барани или најмалку отворени работни места има за заварувачите – 68, армирачи и бетонирачи -65, сервирач на салати – 65, комерцијалист -62 и исто толку диспечери во патен сообраќај.

Извор: Агенција за вработување

За многумина граѓани е дисутабилно и тоа колку ќе успеат да најдат работа преку Агенцијата за вработување чија обврска е да им пронајде соодветни работници на работодавачите.

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk