Хрватите започнале да казнуваат: 7,000 евра и отказ за непочитување на мерките
Во последните неколку денови, Хрватска се соочува со рестриктивни мерки поради епидемијата на коронавирусот. Една од мерките се и ковид потврдите, но и задолжителното тестирање на вработените во јавените институции доколку не поседуваат потврда.
За оние кои ќе одбијат, пропишани се казни. Владата на Хрватска вчера вовела парични казни за непочитување на ковид пропусниците, во износ од 3 до 7 илјади евра.
Некои вработени во јавните институции, поради одбивањето да се тестираат или вакцнираат за да добијат потврда, се пред отказ.
Како што пишува Јутарњи лист, во јавните институции, особено во училиштата, има вработени кои одбиле да се тестираат и отвориле боледувања. Поради ова, многу директори на училишта и понатаму се „под опсада“.
Дел од нив успеваат да ги спречат вработените без потврди и тестови да влезат во одделенијата, а дел ги пропуштаат, за да избегнат физички конфликт, додека некои ги оддалечуваат учениците од одделенијата и организираат замена на наставниците, наведува медиумот.
Забележани се и случаи каде вработените од директорите барале да потпишат барање за давање на изјава за преземање на одговорноста од последиците на медицинскиот зафат – тестирањето, што директорите не се обврзани да потпишат.
Стигнуваат и предупредувања пред отказ
Забележани се и првите случаи на предупредувања за започнување на постапки за отказ.
Од загрепската „Дрводелска школа“ за Јутарњи лист било потврдено дека дваца наставници добиле предупредување пред отказ.
Вакво сценарио засега успеала да избегне директорката на загрепската Гимназија Луцијана Врањина, и покрај проблемите со двајца вработени.

Директорите во тешка позиција, без поддршка
„Две вработени одбивале тестирање, а откако биле спречени да влезат во училиштетото, повикале полиција. Пред училиштетето ги поддржувала група од 20 лица. Вториот ден, една од нив успеала да влезе во училиштетото. Ја затекнав во ходиникот и ја замолив да излезе. Одби и повикав полиција, но тие немаа овластаување за да постапат“, ги раскажува случувањата директората Милица Медак.
Во понеделникот едн од нив сепак донела наод од тест, а другата отворила боледување.
„Проблемот е што зад нас директорите не стои ниту синдикат, ниту група на адвокати кои ќе не бранат, ниту имаме обезбедена бесплатна правна помош. Ни доаѓаат луѓе со листови на кои се членови од различни закони, за кои тврдат дека ги прекршуваме. Не е ли тоа заплашување?“ рекла Медак која исто така се нашла во ситуација, една наставничка да и нуди да потпише барање за преземање на одговорноста од поселедиците на медицинскиот зафат.

Извор: Jutarnji list, BIZLife
Фото: Pixabay

